Ќе се „тресеме“ уште неколку дена: Докторите велат дека првите симптоми на омикрон се појавуваат во период од 72 часа

Тројцата ракометари на Израел кои се позитивни на ковид-19, сојот омикрон, можат да бидат кобни за Македонија.

Иако во моментов сите наши ракометари и стручниот тим се со негативни тестови, ќе бидеме во голема неизвесност во наредните денови бидејќи според медицинските истражувања, симптомите на омикрон се појавуваат од два до три дена по контактот со заразен.

Овој сој е најлесно пренослив од сите претходни варијанти досега, а голем проблем е што ракометните натпревари, како што и впрочем играа вчера Македонија и Израел, се играат во затворени простории, а сето тоа создава дополнителни проблеми.

Воедно, ракометот е контактен спорт, па затоа и голема е веројатноста македонските да имале контакт со заразените ракометари.

Во овие моменти сите наши членови се негативни, а се надеваме дека така ќе биде и на наредните тестирања и без никакви проблеми ќе се упатиме кон Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести