Ќе стане ли драматична трката за шампион: Барселона речиси 300 минути нема дадено гол!

Барселона освои само еден бод на гостувањето кај Хетафе во меч кој заврши без погодоци. Каталонскиот гигант важеше за голем фаворит пред мечот и на теренот доминираше, но на крајот тоа не го претворија во освојување на три бода.

Гостите имаа 67 отсто посед на топка, шутираа 14 пати кон голот на Хетафе, два пати ја погодуваа стативата, имаа изведено повеќе корнери, но сето тоа беше залудно затоа што Хетафе се одбрани и одсвои еден бод. По 29 одиграни кола во шпанското првенство, Барселона сега има 73 бодови, дури 11 повеќе од Реал Мадрид, но има еден податок кој може да го загрижи тренерот на Барселона, Чави ернандес.

Барселона трет меч во низа не може да постигне погодок. Пред ова реми без голови, лидерот на табелата одигра 0:0 и против Жирона во првенството, а претходно загуби со 0:4 од Реал Мадрид во Купот. Последен пат Барселона на погодок се израдува на 1 април кога со 4:0 славеше кај фенерџијата Елче.

 

- Оглас -

Најнови вести