Кејлор Навас си оди од Реал и го засилува Арсенал?

Искусниот костарикански голман, Кејлор Навас, најверојатно веќе нема да го чува голот на Реал Мадрид, туку кариерата ќе ја продолжи во лондонски Арсенал. После последниот тренинг на Реал во 2018 година, кој беше отворен за јавноста, Навас објави фогографија на која се поздравува со навивачите присутни на тренингот, и напиша: „Ви благодарам за сè“.

Ова се толкува како простување со навивачите кои не се согласуваат со тоа Навас да му биде вечна резерва на Тибо Куртоа. Навас беше неприкосновен на голот на Реал кога тимот освои три титули по ред во Лигата на шампионите, но откако клубот го купи Куртоа, и особено откако на клупата седна Сантијаго Солари, Навас остана на клупата за резерви и брани само во купот, што е потценување за него.

Навас пред две години беше на излезна врата, но проблемот со факсот на Реал Мадрид, и доцнењето од неколку минути, беше причина за некомплетирање на неговиот трансфер во Манчестер јунајтед (како трампа, во Реал требаше да дојде Давид Де Хеа).

Јувентус и Арсенал се најзаинтересирани за Навас. Според шпекулациите, Костариканецот е поблиску до „топчиите“ кои имаат четири голмани (Лено, Чех, Мартинес и нашиот Илиев). Голманската линија на Јуве ја сочинуваат Шчесни, Перин, Пинзољо и Дел Фаверо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести