Кејн „гази“ оваа сезона, сега го напаѓа и рекордот на Меси од пред 14 години

Англискиот напаѓач Хари Кејн игра фантастично во редовите на Баерн Минхен, а постои можност до крајот на сезоната да урне и неверојатен рекорд што го држи Аргентинецот Лионел Меси.

Аргентинецот во сезоната 2011/12 блескаше – на 60 одиграни натпревари постигна дури 73 голови.

Во таа сезона Меси запиша и 30 асистенции, па многумина сметаат дека тогаш бил на врвот од својата кариера.

Слично може да се каже и за Кејн, кој оваа сезона игра на исклучително ниво. Во Бундеслигата постигна 32 гола и има пет асистенции на 27 натпревари, а одличен е и во Лигата на шампионите, каде што има 12 гола.

Кога ќе се додадат и настапите во Суперкупот на Германија и Купот на Германија, Кејн во 43 натпревари во сите натпреварувања постигнал 51 гол и додал шест асистенции.

До крајот на сезоната го очекуваат најмалку седум натпревари, а може да одигра и до девет ако Баерн се пласира во финалето на Лигата на шампионите и Купот на Германија.

За да го достигне рекордот на Меси, ќе треба да постигне уште 22 гола.

- Оглас -

Најнови вести