Кејн прави трансфер налето, неговите агенти веќе имаа состанок со новиот клуб

Хари Кејн е вториот најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата. Неговиот договор со Тотенхем истекува следното лето, а клубот од Лондон сака да заработи од неговиот трансфер. Токму затоа се очекува летово Кејн да си замине од Тотенхем.

Кејн долг период се поврзуваше со трансфер во Манчестер jунајтед, но до таков трансфер нема да дојде. Неговите агенти веќе го одржаа првиот состанок со ПСЖ, кој изразува силна желба да го донесе во своите редови откако речиси сигурно ќе си заминат Меси и Нејмар налето.

За потсетување, желба за нападот на ПСЖ беше Роберт Левандовски, но откако тој потпиша за Барселона, работите се променија и парижаните се откажаа од неговите услуги и се свртеја кон одличниот Кејн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести