16.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Кејн се искачи на премиерлигашкиот голгетерски подиум

Во англиската Премиер лига се одиграа неколку интересни натпревари на кои имаше по нешто што вреди да се спомне.

Во лондонско дерби, Челзи со пресврт дојде до победа над Вест Хем од 2-1. Чеканите водеа, а Сините во финишот дадоа два гола. Само што поведе Челзи, Вест Хем изедначи, но по прегледување на снимката, испадна дека погодокот е нерегуларен, па им олесна на домашните.

Тотенхем беше подобар од Фулам со 2-1, во меч на кој Хари Кејн го даде својот 188-ми премиерлигашки гол и се искачи на трето место на вечната листа. Сега пред Кејн се само Ширер и Руни. На Фулам не му беше доволен голот на Митровиќ.

Борнмут со 3-2 победи кај Нотингем Форест. Домашните водеа со 2-0, но тимот кој го смени тренерот, направи пресврт во второто полувреме.

Брентфорд со 5-2 го порази Лидс, а Иван Тони направи хет-трик. Голот немаше на дуелот Њукасл – Кристал Палас.

Ова е голот на Кејн кој го направи трети стрелец во историјата на Премиер лигата:

- Оглас -

Најнови вести