Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, го коментира исклучувањето на Едуардо Камавинга во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид (4:3). Токму тој беше фаулиран во 86-тата минута, по што Французинот го доби вториот жолт картон.
„Мислам дека прекршокот дефинитивно беше за картон. Ако се земат предвид двата натпревари, мислам дека заслуживме да победиме. Според мене, голот на Реал Мадрид не требаше да биде признаен затоа што Ридигер направи прекршок врз Лајмер на почетокот на акцијата, кој не беше досуден“, изјави Кејн.
Англискиот репрезентативец постигна по еден гол и на двата меча против Реал Мадрид и сосема заслужено е истакнат како еден од најзаслужните за пласманот на Баерн Минхен во полуфиналето.

