Голманот на Ливерпул, Квивeн Келехер, по победата над Реал Мадрид од 2-0 во натпревар од 5-тото коло во Лигата на шампионите, го прокоментира пеналот што му го одбрани на Килијан Мбапе.
При резултат 1-0 за Црвените, во 61-вата минута беше досуден пенал за гостите од Мадрид, но Килијан Мбапе беше прочитан од ирскиот голман и беше спречен почеток на можен пресврт.
„Не гледам многу во очите на изведувачот на пеналот, сеедно ми е кој ми шутира. Секако, бев сигурен дека ќе одбранам. Одбранив два пенали последната недела или така нешто, бев самоуверен и за среќа, повторно се фрлив на вистинската страна“, изјави Келехер.
Тренерот Арне Слот за нереализираните пенали на Мбапе и Мохамед Салах кажа: „И тие се луѓе“.