Келн нема простор за маневар – Чурлинов се сели во Штутгарт

Најмладиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов има понуда од Штутгарт и постои голема можност веќе во зимскиот преоден рок да го засили петкратниот германски шампион.

И по промената на тренерот во Келн, статусот на Чурлинов не се менува, па тој остана надвор од строј во сениорскиот состав, со што Келн ризикува да го загуби без отштета.

Има договор со популарните „јарци“ до идното лето, кога ќе биде слободен играч, па добредојдена е понудата од Штутгарт. Келн не може да ризикува до идното лето, бидејќи тогаш нема да добие ништо со заминувањето на најдобриот стрелец во младинската лига на Германија, па ќе се обиде да заработи нешто со трансфер во преодниот рок што следи.

Штутгарт игра во популарната Цвајта, откако лани испадна од Бундеслигата, но амбициите се јасни, експресно враќање во елитата. Понуда за Чурлинов има и од Ерфурт, кој е член на Регионалната лига Североисток, што е четврта лига по ранг во Германија. Таа варијанта е помалку веројатна за 19-годишниот македонски фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести