Кенгурите ги наместија Французите да се борат со САД за полуфинале

Во исклучително неизвесната пресметка која ниту една од репрезентациите не посакуваше да ја загуби, се радуваше селекцијата на Австралија со минимални 100:98. Првиот пораз на Франција на Мундобаскетот им го одреди и противникот во четвртфиналето. На мегдан против актулениот светски првак САД, Триколорите ќе се сретнат на 11 септември.

Дербито на денот воопшто не разочара, се одигра еден од најефикасните мечеви во досегашниот тек на Мундобаскетот, а одлучуваа нијанси. Французите најмногу стигнаа до +9 поени предност, додека Австралија во неколку наврати кратко го држеше резултатот во своја корист. Фокусирани на нападот, победникот се одлучуваше во последните моменти, со последната топка на мечот.

Делаведова на пет секунди до крајот реализира едно од двете слободни фрлања, а по тајмаутот Французите наместо да го направиот планираниот брз напад, ја загубија топката и сами си пресудија.

Извонредниот Пети Милс ја предводеше Австралија со 30 поени, Инглс застана на 23, додека Бејнс со 21 поен придонесе за клучниот триумф. На Французите не им помогнаа ниту комбинираните 57 поени на Фурние (31) и Де Коло (26).

- Оглас -

Најнови вести