Ќерката на Денис Родман е одлична фудбалерка (Видео)

Тринити Родман, 18-годишната ќерка на некогашниот славен контроверзен кошаркар Денис Родман е избрана за втор пик на драфтот во женската лига на САД и стана најмлада фудбалерка која е драфтувана без да заигра на колеџ. Таа вели дека нејзин идол е нејзината мајка Мишел, иако таа не е спортистка.

„Кога имате познат татко како мојот, никој не се распрашува за мајка ми. Таа не беше НБА-ѕвезда, но луѓето треба да знаат дека мојата мајка ме поддржува цел живот, таа е мој најдобар пријател и карпа на која се потпирам во животот. Таа е мој идол“, вели фудбалерката која во иднина ќе игра за Вашингтон спирит.

Денис Родман беше во брак со Мишел од 2003 до 2012 година. Тринити Родман игра за младата селекција на САД за фудбалерки до 20 години и според квалитетот што го има, таа е една од најдобрите во таа генерација. Можеби наскоро ќе добие повик од селекторот Влатко Андоновски во сениорската репрезентација.

https://twitter.com/i/status/1236024447053815808

- Оглас -

Најнови вести