Ќерката на Марадона не ја пуштаат на стадионот кој го носи името на нејзиниот татко

Далма Марадона е ќерка на легендарниот Диего Армандо, кој пред нешто повеќе од една година почина. Во чест на својот татко, Далма снима документарец и тоа на повеќе локации во целиот свет.

Според планот, во декември Далма треба да снима во Неапол, градот во кој нејзиниот татко е фудбалско Бог. Стадионот на Наполи го носи името „Диего Армандо Марадона“, а неодама беше поставен и споменик од аргентинскиот виртуоз.

Иако очекувала во Неапол лесно да ја заврши планираната работа, Далма се соочила со неочекуван проблем. Не добила дозвола за снимање на стадионот кој го носи името на нејзиниот татко.

„Неапол е последна станица од мојот проект. Преку продукциската куќа побаравме дозвола за да снимаме на стадионот, но од Наполи не ни дозволија. Не можев да верувам, па повторно побарав дозвола, но добив кратка порака дека не е дозволено, без образложение зошто е тоа така. Морав да му напишам порака и на претседателот на Наполи, Аурелио де Ларуентис, кој ја виде пораката, но уште не сум добила никаков одговор“, се жали Далма.

- Оглас -

Најнови вести