Керол е најголемиот малер во Премиерлигата, Вест Хем веќе не може да го трпи

Енди Керол е еден од најголемите малери на Островот, а поранешниот англиски репрезентативец веројатно ќе добие зелено светло да си замине од Вест Хем.

Популарните чекани немаат време да го чекаат Керол да биде подготвен и орен за игра, а корпулентниот шпиц премногу често е повреден.

Во последните шест сезони, во дури четири од нив не одигра ниту 20 меча што е прескрмоно, а повредите постијано го следат.

Сезонава играше за Вест Хем на 12 натпревари и само еднаш, против Манчестер сити одигра цел меч. И потоа го повреди скочниот зглоб, по што се уште паузира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести