Керол го украде шоуто на свадба (Фото)

Енди Керол е познат како фудбалер кој често предизвикува внимание надвор од теренот, а овојпат за него се коментира поради облеката која ја носеше на неодамнешната свадба кај сестрата на неговата вереница Били Маклоу.

Вест Хем таа вечер играше против Саутемптон, па Керол не успеа да стигне на почетокот на венчавката, па фати такси од Саутемптон до Лондон колку да се појави. И навистина се појави само во последните 30 минути, но немаше време да се пресоблече и да се дотера, па на фотографијата со младоженците, контроверзниот фудбалер е во спортска опрема, со амблемите на клубот.

„Среќна сум што Енди успеа да дојде на венчавката. Стигна со такси од Саутемптон, само поради оваа слика“ – рече вереницата Били.

Од Саутемптон до Лондон има два часа со автомобил и многумина сметаат дека сепак имал време да облече одело, а се прашуваат како ли ќе изгледа Керол на неговата свадба.

- Оглас -

Најнови вести