Кевин Дурант испиша историја во американската репрезентативна кошарка

Машката кошаркарска репрезентација на САД ја растури Чешка со 119-84, и си обезбеди четвртфинале против некона друга селекција која ќе биде второпласирана во својата група, а тоа значи Италија, Словенија или Шпанија. Иако Чесите ја добија првата четвртина со 25-18, тие немаа шанса за изненадување, бидејќи Американците веќе во втората четвртина покажаа сила и ефикасна игра, а крајот на третата четвртина и дефинитивно покажа дека САД ќе извојува лесна победа.

На овој меч се случи историја, Кевин Дурант стана најефикасен Американец во историјата на олимписките турнири. Досегашниот рекорд од 336 поени го држеше Кармело Ентони. После мечот со Чешка, Дурант има веќе над 350 поени и тоа на само 19 меча на ЛОИ, додека на Ентони за стариот рекорд му требаа 31 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести