Кевин Дурант побарал да си замине од Нетс, се сели во еден од најсилните тимови во НБА?

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Кевин Дурант, официјално побарал да си замине од Бруклин нетс, а како своја идна дестинација која ја преферира, се спомнува Феникс санс.

Само пред неколку дена Кајри Ирвинг реши да остане кај Мрежичките од Бруклин и да земе 36 милиони долари од платата за следната сезона, но Дурант веќе не сака да биде таму.

Доколку Дурант замине во Санс, тој тим ќе стане главен фаворит за титулата во следната сезона. Во трампата, од Феникс во Бруклин би заминале неколку играчи, но во тимот би се формирало трио Крис Пол-Девин Букер-Дурант, кое треба да биде гаранција за успех.

- Оглас -

Најнови вести