Кевин Трап ја сака Северина, а девојката му е супермодел (Видео)

Германскиот голман Кевин Трап, кој го чува голот на Ајнтрахт Франкфурт, како позајмен од ПСЖ, од Анте Ребиќ учеше хрватски јазик, а една од задачите кои Хрватот му ги постави на Трап беше да каже дека сака да ја слуша Северина.

Трап прилично добро се снајде со хрватскиот, со кој досега немал никакви допирни точки. Трап требаше да каже „Јас сум Анте Ребиќ“, да изброи од еден до пет, „Со задоволство ја слушам Северина“, „Сакам да јадам суши“ и „Како дете го гледав Тјери Анри“.

Инаку, Трап важи за оние спортисти кои често се во врска со многу познати девојки. Порано тој излегуваше со пејачката Ријана, а сега е верен за бразилскиот супермодел Изабел Гулард.

Слушнете како Трап се снајде со речениците на хрватски јазик:

https://twitter.com/i/status/1100400843969331200

- Оглас -

Најнови вести