Киелце ќе биде ривалот на Магдебург во финалето на ракометната Лига на шампиони. Полскиот тим славеше над ПСЖ со 25:24 во драматичното второ полуфинале кое се одигра денеска на фајнл-фор турнирот во Келн.
Неизвесно беше во првото полувреме. Двете екипи се менуваа во водство. ПСЖ водеше со 11:9, но потоа Киелце направи пресврт и стигна до три гола предност од 16:13.
https://twitter.com/i/status/1670119635402780672
Во второто полувреме ПСЖ речиси постојано бркаше негатива, а по 17:20, францускиот тим со серија од 4:0 стигна до предност од 21:20. Потоа Киелце поведе со 22:21 и до крајот на мечот се играше гол за гол. Беше 24:24 кога Киелце постигна погодок, а ПСЖ го имаше последниот напад за нерешено, но не успеаа да погодат.