Кимих е успешно опериран, се враќа на терен на почетокот на идната година

Џошуа Кимих е успешно опериран во Минхен откако го оштети менискусот на десното колено на дербито против Борусија Дортмунд.

Еден од најдобрите играчи на актуелниот германски и европски првак Баерн најрано би можело да се врати на терен во јануари идната година, според прогнозите на медицинскиот тим што ја изврши операцијата.

Кимих сезонава одигра 11 натпревари за Баерн во Бундеслигата и во Лигата на шампионите и постигна три гола, а дури седумпати им асистираше на соиграчите.

Поради операцијата, ќе ги пропушти и ноемвриските дуели на репрезентацијата на Германија против Украина и Шпанија во Лигата на нациите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести