Кимих ќе си оди, може да биде најскапиот фудбалер кој е продаден од Баерн

Џошуа Кимих по осум години, налето најверојатно ќе си замине од Баерн Минхен. Оваа сезона беше тешка за сите во баварскиот гигант, а раководството на Баерн не сака незадоволни фудбалери во своите редови.

Интерес за неговите услуги има од Барселона, која бара замена за Бускетс. Според „Трансфермаркт“, Кимих вреди 80 милиони евра и доколку Барселона плати толку за неговите услуги, тоа ќе биде најголем трансфер направен од Баерн. Во моментов рекордот го има Левандовски, за кого токму Барселона плати 45 милиони евра.

Сепак, ова во моментов е превисока сум за Барселона, која има финансиски проблем.

- Оглас -

Најнови вести