Кина има женски Јао Минг, малата Зију е огромен џин на 14 години (Видео)

Жанг Зију е женскиот конески модел на познатата поранешна НБА ѕвезда Јао Минг и на 14-годишна возраст има неверојатна висина од 226 сантиметри.

Се претстави со апслоутна доминација на регионално натпреварување во Кина со своите врснички, кои навистина изгледаат како мали деца во споредба со Зију.

Во финалето имаше неверијатен дабл-дабл учинок од 42 поени и 25 скока, а подели и шест рампи и тоа речиси и без да скокне. Особено интересни беа потфрлањата на топката на стартот на мечот во финалето и на почетокот на второто полувреме.

Зију воопшто и не скока против многу понискиот центар на противничката екипа.

https://twitter.com/overtime/status/1415758943368982530?s=20

 

Кинезите од Зију очекуваат да продолжи да расте и во иднина да им биде силен адут во женската кошарка.

 

- Оглас -

Најнови вести