Кинески нокаут за Австрија во Хаифа, Израел победи со 4-2

Еран Захави блескаше во Хаифа и со хет-трик му помогна на Израел да стигне до првата победа во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2020 година.

Изреал славеше со 4-2 против еден од фаворитите, Австрија, селекција која има лош старт со два порази.

Захави игра во Кина, во Гвангжу, а речиси сам ја декласира Австрија. Погоди во 34-тата, 45-тата и во 55-тата минута, а со гол триумфот го дополни Мунас Дабур, кој игра во австриски Салцбург. Селектор на Израел е Австриецот Андреас Херцог, па гостите настрадаа од своите.

Головите за Австрија ги постигна Марко Арнаутовиќ. Израел има 4 бода по два меча, а Австрија е без бодови во нашата група Г за настап на ЕП 2020 година.

Изненадување приреди и Унгарија со победа од 2-1 против светскиот вицешампион Хрватска. Коцкестите поведоа со голот на Ребиќ, но Шалаи и Паткаи со по едн гол направија пресврт за значајна победа на Унгарците.

- Оглас -

Најнови вести