Кипре е вистински спортски амбасадор на Македонија, му подари дрес на заменик-градоначалникот на Краков (Фото)

Горан Кипријановски Кипре е вистински спортски амбасадор на Македонија и еден од најверните наши навивачи кога станува збор за спортските настани на кои учествуваат сите наши селекции.

Познатиот македонски навивач и денеска беше во фокусот во Краков, каде што беше поканет на прием кај помошникот-градоначалник на полскиот град, кој е домаќин на ракометната репрезентација во првата фаза на Мундијалот.

Популарниот Кипре му подари македонски дрес и сувенири со македонски обележја на Јануш Козиол и подарок и од Одбојкарската федерација на Македонија.

Полјаците ќе ни бидат гости во Скопје на Европското првенство во одбојка што ќе се игра во септември годинава.

Претходно, во Краков како еден од градовите домаќини се игра ракометното Светско првенство, а Македонија почнува утре со премиерниот меч против Норвешка од 20.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести