Селекторот на ракометната репрезентација, Кирил Лазаров, објави поширок список со 35 ракометари за баражот против Словачка. Помеѓу 35-те ракометари само тројца се интернационалци – Томовски, Талевски и Карапалевски, додека останатите се од домашното првенство.
Најмногу ракометари има од Алкалоид – 17, од редовите на Еурофарм Пелистер повик има за шестмина, по четворица се од Вардар и Охрид, и еден ракометар од Бутел.
Првиот меч против Словачка се игра на 14-ти месецов во Прешов, додека реваншот е три дена подоцна во Скопје.


