Кирјос одигра перфектно и го декласира Крајиновиќ, не чекаше комплименти и сам си се пофали (Видео)

Ник Кирјос неочекувано лесно го декласира Филип Крајиновиќ со 6:2, 6:3, 6:1 за помалку од час и пол игра на Вимбдлон и потоа во негов стил блесна со неочекувана изјава.

„Играм фантастично месецов, се изненадив со одличниот настап во претходното коло на Вимблдон, а денеска сакав да ги потсетам сите колку добар тенисер сум“ рече Кирјос.

Австралиецот со грчко потекло навистина одигра перфектен меч во кој имаше само 8 неизнудени грешки, со 24 аса и 49 винери и само потврди дека можеше да постигне многу повеќе во кариерата да не беше бунтовниот дух, кој честопати му носеше големи проблеми.

Во следното коло ќе има тешка задача да го елиминира четвртиот носител Стефанос Циципас во еден од дерби мечевите на третата рунда.

 

- Оглас -

Најнови вести