Кирјос станува баук за Надал, го елиминира во Акапулко

Ник Кирјос сè повеќе станува баук за Рафаел Надал и по третпат во седмиот меѓусебен меч го победи на АТП-турнирите, откако ноќеска беше подобар во Акапулко и славеше со 2:1 во сетови.

Шпанецот поведе со 1:0 во сетови, беше подобар на стартот со 6:3, а потоа ги загуби следните два сета во тајбрејк. Вториот само со два освоени поени во доигрувањето, а последниот со 6:8 за пораз, втор по ред од Кирјос.

Турнирот во Акапулко во првите изданија се играше на земјена подлога, но во последните неколку години се игра на тврда подлога.

Во четврт-финалето Кирјос ќе игра против Станислас Вавринка, потоа Иснер ќе му излезе на мегдан на Милман, Мекдоналд ќе се обиде да го победи Норие, а Зверев ќе му биде противник на Де Мино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести