Ќиро му се налути на Ребиќ: Ти си мртов за мене!

Откако Анте Ребиќ фрли отровни стрели врз селекторот Златко Далиќ, а потоа мораше да го избрише профилот на „Инстаграм“, стана антихерој на хрватската јавност, а нов непријател доби и во тренерската легенда Мирослав Ќиро Блажевиќ, кој жестоко го нападна неговиот некогашен миленик.

„По оваа неспретна изјава, тој за мене, а мислам дека и за репрезентацијата, е мртов човек. Тој ги предаде Далиќ и целата нација. Нема простување за такво нешто. Не толку одамна, сите млади Хрватки беа заљубени во него, беше прекрасен, тогаш Далиќ му беше супер. Не донесе ништо на ова ЕП, го загуби кредибилитетот, а со оваа објава покажа и дека не е спортист, многу ми е жал“, изјави тренерот на сите тренери, како што го викаат популарниот Ќиро.

- Оглас -

Најнови вести