Ребиќ распали: Последниве две-три години сме го*на! (видео)

Анте Ребиќ распали на „Инстаграм“ со контроверзни објави во кои индиректно го критикуваше селекторот Златко Далиќ, но и хрватската легенда Роберт Просинечки. Хрватска го заврши својот настап на ЕП по поразот од Шпанија во досега највозбудливиот меч кој заврши со 5-3 во корист на Фуријата по 120 минути борба.

„После сè, не е важно кој е виновен, факт е дека во изминативе две-три години сме го*на. Особено ми е жал што немавме некој кој максимално ќе го искористи потенцијалот на оваа талентирана генерација предводена од двајца генијалци, да направиме нешто повеќе на ова ЕП. A, стручњаци од ТВ, оставете го шприцерот пред емисија и навивајте за Хрватска!“, напиша Ребиќ при видеообјавите од дуелот против Шпанија.

Иако собра храброст јавно да критикува на овој начин, Ребиќ беше избран за фудбалер на хрватската репрезентација кој најслабо се покажа на првенството, особено во дуелот против Шпанија, а како таков го прогласија навивачите на Коцкестите.

https://twitter.com/EleModric/status/1410264192905515008

- Оглас -

Најнови вести