Кизиќ пред гостувањето кај Мешков Брест: Загубивме дома, но не се откажуваме

Еурофарм Пелистер беше поразен на свој терен од Мешков Брест со 27-31 во првиот четвртфинален двобој од СЕХА лигата, и со тоа си ги намали шансите за пласман на фајнал-форот. Сепак, битолчани не заминаа во Белорусија со бело знаме, и според нивните зборови, веруваат дека ако прикажат подобра игра, може да направат сензација.

„Загубивме, но не со толку голема разлика за да се откажеме. Нема што да загубиме, треба да се бориме и да се надигруваме. Можеме да стигнеме до позитивен резултат. Мешков Брест е квалитететн тим, сепак се четвртфиналисти на Лигата на шампионите. Имаат квалитетни индивидуалци, но најважно ќе биде кој повеќе ќе сака да победи“ – вели голманот Марко Кизиќ.

- Оглас -

Најнови вести