Кјелини веќе има нов клуб и тоа надвор од Европа

Искусниот италијански дефанзивец, Џорџо Кјелини, по 17 години поминати во тимот на Јувентус, си замина, иако имаше договор на уште една сезона. Искусниот 37-годишен Кјелини имапе договор до јуни 2023 година, но во разговор со челниците на Старата дама, беше постигнат договор соработката да заврши сега.

Кјелини е свесен дека е на залез од кариерата и дека не игра во формата во која навивачите се навикнати да го гледаат, од следната сезона би требало да го гледаме во фудбалското првенство на САД.

Според пишувањата, Кјелини веќе ги договорил сите условиод екипата на Лос Анџелес и во скоро време ќе го облече дресот на овој тим од амерканското првенство.

- Оглас -

Најнови вести