Кјелини: Жал ми е за Хари Мегваер!

Во пресрет на дуелот на Италија и Англија, 14 месеци по победата на Аѕурите во Лондон над Гордиот Албион во финалето на Европското првенство, Џорџо Кјелини, кој веќе не е во националниот тим на Италија, даде свое мислење за националниот тим на Англија.

Според Кјелини, кој сега игра за Лос Анџелес, од Манчестер јунајтед бараат премногу од Хари Мегваер.

„Жал ми е за Хари, тој е добар фудбалер. Во Манчестер јунајтед сакаат претерано многу од него. Само заради тоа што го платија 80 милиони фунти, тој треба да биде најдобриот на секој натпревар? Не мислам дека односот кон него е фер. Тој и Џон Стоунс се добра двојка во одбраната. ОК, можеби Мегваер не е Рио Фердинанд, но доволно е добар”, изјави Кјелини, кој од Англичаните го пофали и Кајл Вокер, за кого смета дека е многу брз и силен.

- Оглас -

Најнови вести