КК Партизан го купи центарот кој беше вишок во Реал Мадрид

Кошаркарскиот клуб Партизан ја заврши потрагата по центар, изборот падна на Бруно Фернандо кој досега настапуваше во Реал Мадрид.

Фернандо кој е репрезентативец на Ангола, во Реал дојде минатата сезона, но не ги оправда очекувањата. Тој во НБА бил член на Атланта, Бостон, Хјустон и Торонто, а сезонава во дресот на Реал Мадрид имаше просек од 4,4 поени и 3,8 скока по меч.

Бруно утре треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе го облече црно-белиот дрес со бројот 24.

- Оглас -

Најнови вести