Класниќ го доби 10-годишниот спор: Добива отштета од четири милиони евра!

Поранешниот фудбалер на Вердер и Болтон, Иван Класниќ, ќе добие четири милиони евра отштета откако го доби спорот кој се влечеше повеќе од 10 години. Грешките на лекарскиот тим на Вердер се наплатени во износ од четири милиони евра, иако пред неколку години Класниќ доби 100.000 евра отштета, пред неговиот адвокатски тим да покрене нова тужба.

Здравствените проблеми на хрватскиот напаѓач му почнаа во 2007 година, кога еден ден по трансплантацијата на бубрегот од неговата мајка, бубрегот откажа. Истата година подоцна Класниќ доби нов бубрег од татко му, а по успешната операција се врати на терените како член на Болтон во 2009 година.

Сепак, и тој бубрег откажа во 2016 година, па дури третата транплантација се покажа како успешна, во период кога Класниќ веќе ја заврши играчката кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести