Некогашниот хрватски фудбалер Иван Класниќ веќе неколку години води битка за зачувување на здравјето. Класниќ помина три трансплатации на бубрегот и има кревок имунолошки систем, што значи дека е дел од ризичната група која може да го загрози пандемијата од Коронавирусот.
Класниќ реши јавно да упати порака за сите оние кои не ги почитуваат препораките за заштита.
„Јас сум еден од оние кои се во ризичната група. За жал, мојот имунолошки систем не е толку добар како твојот, што секако е последица на моите три трансплатации на бубрег. Те молам, немој да ја игнорираш новонастанатата ситуација и обиди се да се придржуваш до правилата. Лекарите и останатиот персонал во болниците го достигнаа лимитот, немојте да им отвораме уште непотребна работа“, е пораката на Класниќ, кој ја илустрираше со негова фотографија од 2017 година, кога се соочуваше со големи проблеми со бубрезите.