Плејоф-возбудувањата во НБА продолжуваат ноќеска со два меча на кои домашните екипи важат за фаворити за победа. Кливленд ја пречекува Индијана во меч на којшто Кавелирс немаат право на грешка. Индијана веќе направи едно изненадување и води со 1:0 во победи против фаворитот.
Иако Кливленд е фаворит, бројките покажуваат дека Индијана одлично се снаоѓа против овој ривал и го има победено петпати во последните шест меча.
Минесота и Голден стејт ќе го играат првиот меч во полуфиналето на Западот. Минесота убедливо со 4:1 го елиминира Лос Анџелес лејкерс и веќе пет дена имаат одмор, додека Голден стејт пред неполни 48 часа славеше на гости кај Хјустон за победа од 4:3 и пласман во следната фаза.
Дека во НБА плејофот нема ништо сигурно, се покажа и по резултатите на мечевите кои се одиграа утрово, на кои Девнер и Њујорк како аутсајдери победија на гостински терени кај Оклахома и Бостон.
За двата меча кои ќе се играат ноќеска има над 80 „плус-минус“ игри за тоа дали кошаркарите ќе бидат над или под границата за бројот на поени, скокови, асистенции и бројот на постигнати тројки.