Клоп бара да се врати правилото со пет измени

Јиргне Клоп посочи дека Ливерпул е еден од клубовите кои се залагаат да се врати во употреба правилото со пет измени со цел да се заштитат фудбалерите. Премиер лигата се врати на старото правило со три измени во пресрет на новата сезона, која почнува на 12 септември, и нема да го користи луксузното правило на ФИФА со зголемениот број измени.

Клоп смета дека петте измени се во корист на сите екипи, не само на Ливерпул, на тој начин би се избегнале почести повреди кај играчите, а воедно полесно би се одржувала нивната физичка форма.

„Потребни ни се пет измени за да ги заштитиме играчите. Ливерпул е еден од клубовите кои се залагаат да се врати правилото во Премиер лигата кое го користевме во остатокот од минатата сезона, за доброто на сите, не само за нас“, истакна Клоп.

Претходната сезона се доигра со пет измени, а секој клуб имаше право на девет резерви, но сепак Англичаните одлучија да се вратат по старо и го ставија во ризик здравјето на фудбалерите.

- Оглас -

Најнови вести