Клоп е „крвникот“ на Мурињо

Толку беше од Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед. Лошите резултати на „црвените ѓаволи“ едноставно беа знак дека португалскиот стратег треба да си оди од „Олд Трафорд“. Капак на разочарувачките игри и резултати беше поразот од 3-1 во дербито против најголемиот ривал Ливерпул. Дуелот на „Енфилд роуд“ беше последен за Мурињо како предводник на Манчестер, а Португалецот по мечот мораше да му честита на колегата Јирген Клоп.

Интересно е што на Клоп не му е прв пат да „го избрка“ Мурињо од некој клуб. Кога Португалецот беше на клупата на Реал Мадрид, како една од главните причини за неговата смена беше елиминацијата од Лигата на шампионите. Кралскиот клуб тогаш со 4-1 загуби од Борусија Дортмунд, а на клупата на „милионерите“ седеше токму Клоп. Неколку дена по тој пораз, Жозе мораше да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Две години подоцна, Клоп повторно беше кобен за Мурињо. Португалецот беше на клупата на Челзи, а поразот од Ливерпул со 3-1 беше еден од клучните за да добие отказ, но сепак тоа не му беше последниот неуспех како предводник на Челзи. На 14-ти декември 2015 година лондонскиот тим загуби од Лестер, па Роман Абрамович му даде отказ на Мурињо, и тоа на 17-ти декември.

Сега Клоп повторно го победи Мурињо убедливо, доволно за нов отказ, овојпат од Манчестер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести