Клоп: Фудбалот е прекрасен и без навивачи

Во таборот на Ливерпул се нетрпеливи додека се чека одлуката за рестарт на сезоната во Премиер лигата и одредување на точниот датум за враќање на терените. За разлика од Англичаните кои уште не се одлучни, во Германија од вчера топката се тркалаше на фудбалските терени во Бундеслигата и Цвајта, а чудна беше глетката без навивачи на трибините.

Сепак, менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, смета дека фудбалот и натаму е прекрасна игра без разлика што навивачите не се на своите редовни места. Тој смета дека љубовта кон овој спорт е како компензација за празните стадиони.

„Сите ние сме влегле во фудбалот и сме играле без навивачи на почетокот. Да, тие ја прават атмосферата многу подобра, но не се главната причина што сме го засакале овој спорт. Фудбалот е прекрасен и без навивачи, а ако е тоа услов да се игра во наредните месеци, тогаш не треба да се дискутира како да е проблем. Се надевам дека во Германија обидот ќе биде успешен и наскоро може да се примени во Премиер лигата. Како и да е, мојата екипа ќе биде подготвена за продолжување на сезоната. Во моменти кога ќе биде потребно знам дека ќе можеме да го прикажеме нашето најдобро издание, иако паузата веќе трае два месеци“, истакна Клоп.

На Ливерпул му се потребни само две победи во преостанатите девет кола за и официјално да биде прогласен за шампион и воедно да стави крај на 30-годишниот пост без англиска титула.

- Оглас -

Најнови вести