Клоп го потценува Митјиланд, тргнува без Фирмино, Мане и Салах

Ливерпул вечерва против дански Митјиланд го чека својот 10-илјадити гол во клупската историја, а ако падне гол во раната фаза, стрелец нема да биде ниту еден од главните три офанзивни ѕвезди во тимот.

За дуелот со Митјиланд, менаџерот Јирген Клоп реши на клупата за резерви да ги остави Роберто Фирмино, Мохамед Салах и Садио Мане. Клоп вечерва им дава шанса на Шаќири, Минамино, Жота и Ориги. Нападот е измешан, но најчестите стартери во одбраната и Алисон на голот се тука.

Од 21 часот се играат шест меча во ЛШ, а внимание предизвикува и важното гостување за Реал Мадрид кај Борусија Менхенгладбах. Реал тргнува речиси со истите стартери кои почнаа и против Барселона, со тоа што како десен бек е Лукас Васкес, кој го доигра Ел Класико на местото на повредениот Начо. Еден Азар, кој не играл уште од 7 август, ќе чека шанса од клупата.

- Оглас -

Најнови вести