Клоп ја поддржа идејата Евровизија во 2023 година да се одржи во Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред мечот со Брајтон од Премиер лигата, зборуваше на многу теми, па и за кандидатурата на градот Ливерпул за домаќин на следниот Евросонг во 2023 година.

„Ливерпул е град во кој може да има голема забава, ако гостите сакаат да се забавуваат, може да го направат тоа, ќе им го овозможиме. Добро би било Евросонгот да се одржи во овој град. Ако Ливерпул биде избран за домаќин, тоа ќе биде важен настан за градот“ – рече Клоп.

Инаку, на Евросонг 2022 победи Украина, но поради воената ситуација јасно е дека нема да може во таа земја да се одржи евровизискиот музички натпревар, па Обединетото Кралство кое го освои второто место зад Украина, го доби правото да биде организатор следната година.

Освен Ливерпул, во игра за домаќин на изборот на песна на Евровизија е и Глазгов.

- Оглас -

Најнови вести