Клоп ја пронајде заменета за Салах, се подготвува спектакуларен трансфер

Раководството на Ливерпул летово одби неверојатна понуда од 250 милиони евра од Саудиска Арабија за Мохамед Салах, но тешко дека ќе може да оддолее на Арапите и во зимскиот преоден рок. Причината беше што Црвените не можеа во краток рок да пронајдат адекватна замена за репрезентативецот на Египет, па сега сите погледи се насочени кон неговата можна замена.

Јирген Клоп во ѕвездата на Баерн Минхен, Лерој Сане, гледа замена за Салах и Ливерпул со сите сили ќе тргне по неговиот потпис веќе во зимскиот преоден рок.

Баерн Минхен го купи Сане од Манчестер сити во 2020 за 49 милиони евра, а овие три години неговата цена порасна на 65 милиони евра, но веројатно Баварците ќе бараат и повеќе од оваа сума бидејќи договорот на германскиот репрезентативец истекува во 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести