Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како што верна жена го чека својот маж да излезе од затвор

Само што започна сезоната, а Ливерпул до крајот ќе мора да игра без еден од своите најдобри фудбалери, Вирџил ван Дајк. Главниот играч во дефанзивата на Ливерпул заработи тешка повреда на коленото на дуелот против Евертон и според прогнозите, ќе треба да паузира во следните 7-8 месеци.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, најави дека ќе му ја дадат цела потребна поддршка на Ван Дајк.

„Како фудбалер имав исто таква повреда и знам колку е тешко времето за закрепнување. Целиот тим на Ливерпул дава голема поддршка на Ван Дајк. Сите ние сме тука за него и ќе го чекаме како што верна жена го чека својот маж да излезе од затвор. Ќе се обидеме да направиме што е можно полесно да му помине овој период на Вирџил“, рече Клоп.

Холандскиот дефанзивец има скинати лигаменти на коленото, повреда која е една од потешките во фудбалот. Ван Дајк во минатата сезона беше еден од најзаслужните што Ливерпул по пауза од 30 години ја освои титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести