21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Клоп конечно го добива посакуваното засилување

Тијаго Алкантара по сите изгледи ќе си ја оствари желбата да го облече дресот на Ливерпул, откако англискиот првак одлучи да плати 30 милиони евра за неговите услуги. Баерн Минхен цврсто стоеше до одлуката да не даде попуст и ќе ја добие побараната сума.

Долго време Црвените се колебаа дали да го одврзат ќесето за одличниот играч за врска, по што наидоа на конкуренција од ривалот Манчестер јунајтед. За Клоп да не остане без посакуваното засилување, Ливерпул немаше многу избор и ќе искешира колку што е потребно за шпанскиот репрезентативец да се појави на „Енфилд“.

Наскоро ќе се обелоденат деталите околу договорот меѓу Ливерпул и Алкантара, кој треба да биде втор трансфер ова лето по ангажманот на бекот Цимикас.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1306515254655021056

- Оглас -

Најнови вести