Клоп лесно објасни зошто Ливерпул е елиминиран од Челзи

Челзи го надигра Ливерпул и заслужено славеше со 2:0 во меч од ФА купот. Со овој пораз, Ливерпул ги сруши шансите за тројна круна сезонава. Тоа што е уште поважно, Ливерпул губи третпат во последните три гостувања и тоа без да даде гол.

Серијата порази започна со гостувањето во Мадрид, кога Ливерпул со 1:0 загуби од Атлетико во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите. Потоа следеше пораз од 3:0 на гости кај Вотфорд, а вечерва загуби и од Челзи на „Стемфорд бриџ“.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се обиде да ги објасни поразот и елиминацијата од ФА купот.

„Да се загуби 2:0 не е добро, но релативно е лесно да се објасни овој пораз. Имавме две катастрофални грешки. Адријан имаше фантастична одбрана, а неколку секунди подоцна ја загубивме топката и примивме гол. Двете екипи играа добро, ние имавме неколку шанси но не ги искористивме. Не е ова најголем шок“, рече Клоп по поразот од Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести