Ливерпул вчера успеа да триумфира во градското дерби против Евертон со гол во последните моменти од средбата на „Енфлид“. Ориги беше „џокерот“ од клупата на германскиот стратег, кој ја искористи катастрофалната грешка на Пикфорд и во 95-тата минута погоди за ерупција на трибините.
Ниту Јирген Клоп не можеше да се воздржи, веднаш по голот истрча на теренот во прегратка на Алисон, знаејќи дека голот носи многу значајна победа во 232-тото дерби на „Мерсисајд“. Клоп потоа се извини за испадот.
„Морам да се извинам бидејќи не сакав никого да навредам, но едноставно не можев да застанам. Емоциите преовладоа, не ми беше во план да истрчам на теренот. Во следниот момент кога застанав, се најдов пред Алисон, дури и тој се изненади“, истакна Клоп.
I love jurgen klopp's spirit ❤ pic.twitter.com/4R7PDdk1gZ
— monsef (@mustafamonsef14) December 2, 2018