Клоп може да здивне: Еден првотимец нема да оди на Африканскиот куп

Жоел Матип го израдува тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откако во директен разговор му објаснил на германскиот стратег дека тој нема да замине на претстојниот Африкански куп на нациите, каде што настапува неговата селекција Камерун.

Матип од 2015 година не е дел од селекцијата на Камерун, а се најавуваше дека планира да се врати во репрезентативниот дрес, и тоа токму за настап на Африканскиот куп. Сепак, тоа нема да се случи, па Матип ќе остане во Ливерпул за време на континенталното натпреварување.

Некои шпекулации најавија дека е можно дури и Африканскиот куп да се одложи и да не се игра во предвидениот период, а тоа е од 9 јануари до 6 февруари 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести