Клоп на маки: Добивме супер засилување, ама не знам каде ќе игра

Такуми Минамино е играчот кој од пред неколку дена беше договорен како ново големо засилување за Ливерпул. Јапонецот дојде од редовите на Салцбург, и тоа за трансфер од 8,5 милиони евра. Оваа сума е мала ако се знаат квалитетите на Минамино.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека со потписот на Минамино, англискиот гигант добил големо засилување, но има еден проблем. Германскиот стратег не знае на која позиција ќе го вметне Минамино во составот.

„Како да го вклопам во тимот за кратко време? Нема дилема дека тоа е играч кој на долг период ќе ни биде потребен“, вели Клоп.

Најавите се дека со доведувањето на Минамино, Ливерпул добил соодветна замена за Роберто Фирмино.

 

- Оглас -

Најнови вести