Клоп на шпански знае да нарача пиво, Бјелса на англиски ни толку

Марсело Бјелса и официјално потпиша нов договор со Лидс во траење од една сезона и сега нема никаква пречка за тој да ја води екипата на утрешното гостување кај Ливерпул во првото коло од Премиер лигата.

Бјелса во Лидс дојде во август 2018 година и на 100 меча како тренер на Лидс, има 56 победи, а во минатата сезона го освои првото место во Чемпионшип со десет бода пред вториот. Гостувањето кај Ливерпул за Лидс е прв премиерлигашки меч по 16 години, а дуелот ќе биде интересен и поради надмудрувањето на харизматичните стратези Бјелса и Јирген Клоп. Познато е дека Аргентинецот не знае англиски, па новинарите во Англија се чудат како ќе комуницира со германскиот колега.

„На шпански јазик знам само да нарачам пиво, толку“, се пошегува Клоп.

Клоп рече многу го почитува Бјелса и дека со враќањето на Лидс во елитното друштво, лигата ќе биде поинтересна. Последниот меч на „Енфилд“ помеѓу овие два тима заврши со 3-1 за домашните. Стрелци за Ливерпул тогаш беа Овен, Марфи и Синама Понгол, а за Лидс погоди Алан Смит.

- Оглас -

Најнови вести