Клоп не сака Ван Дајк да игра на ЕП, но Лалињата и самиот Вирџил имаат поинаков план

Вирџил Ван Дајк брза со својата рехабилитација од тешката повреда на коленото која ја здоби во октомври, бидејќи сака да игра на Европското првенство летово, но проблемот е што од неговиот клуб Ливерпул имаат поинаков став. Менаџерот Јирген Клоп никако не сака Вирџил да ризикува и смета дека е подобро да не игра на ЕП, за да биде 100 проценти подготвен за следната сезона.

Без Ван Дајк, на Ливерпул не му оди во Премиерлигата, Црвените кои лани освоија титула, може да останат без место во Лигата на шампионите, што би било дебакл за нив.

Од друга страна, на 29-годишниот Ван Дајк му се брза, никогаш не играл на Европско првенство и сака да дебитира, сака да биде предводник на Лалињата на континенталниот шампионат. Холандскиот селектор Франк Де Бур, му вети на Ван Дајк дека ќе го стави на листата за Еуро 2020, доколку закрепне целосно до крајот на мај.

- Оглас -

Најнови вести