Клоп објасни кој беше клучен момент на мечот на „Енфилд роуд“

Ливерпул не успеа да даде ниту еден гол против Реал на „Енфилд роуд“ и тоа е доволно за англискиот гигант да биде елиминиран од Лигата на шампионите. По овој неуспех, стана јасно дека Ливерпул оваа сезона ќе заврши без ниту еден трофеј, а сега главниот фокус ќе биде да се доиграат мечевите од Премиер лигата, каде што тимот на Јирген Клоп води голема битка за повторно учество во Лигата на шампионите.

Тренерот Клоп причината за елиминацијата ја бара во поразот на првиот меч, како и неискористената шанса во втората минута на Мохамед Салах.

„Генерално одигравме добро и не загубивме денеска. Елиминирани сме поради поразот во Мадрид. Денеска започнавме добро, на почетокот имавме стоотстотна шанса. Хипотетички, знам дека ако дадевме гол, ние ќе бевме во многу подобра ситуација. Мо Салах многупати тие ситуации, кога е еден на еден со голманот, ги завршува со погодок, но, за жал, овојпат не успеа да погоди. Реал е искусен тим кој потоа знаеше како да го контролира мечот. Од денешната игра сум задоволен, но сега мора да се фокусираме на дуелите од Премиер лигата“, рече Клоп веднаш по мечот.

- Оглас -

Најнови вести